Пронајдено безживотно машко тело, идентитетот сеуште не е утврден

Денес околу 14 часот на тротоар од улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, пронајдено е машко безживотно тело. Истото е пронајдено од доктор во брза помош кој веднаш се јавил во полиција. Набрзо, формирана е екипа за увид од полициски службеници и истражен судија, како и јавен обвинител. На безживотното тело не се пронајдени траги на насилство.

За идентитетот на лицето сеуште нема податоци, секоја корисна информација може да се пријави во СВР Охрид на бројот 192.