Утврден идентитетот на безживотното тело

Безживотното тело кое што беше пронајдено вчера околу 14 часот на улицата „Карпош Војвода“ е идентификувано. Како што велат од Секторот за внатрешни работи од Охрид, станува збор за Младен В. роден 1949 година. Врз телото не се откриени траги на насилство, се уште се утврдуваат причините поради кои настапила смртта. Најверојатно лицето имало здравствени проблеми.