МЗТ Скопје 69-76 Будуќност

Во натпреварот од 16 коло во Јадранската АБА лига, МЗТ Скопје го пречека тимот на Будуќност, но за жал, нашиот тим не успеа да не израдува со победа. Може да се каже дека натпреварот беше решен уште во првото полувреме кога гостите ни „избегаа“ со дури 21 поен разлика, резултатот на полувреме беше 30:51.

Нашите успеаа да се покажат во третата четвртина и да ја намалат предноста на гостите на 11 поени разлика. Во не многу ефикасната последна четвртина, успеавме само да го ублажиме овој пораз, МЗТ Скопје 69-76 Будуќност.

Со оваа победа екипата на Будуќност успеа да не прескокне на табелата и да се најде на 3-то место со 25 поени. И екипата на МЗТ Скопје има 25 поени, но поради слабата ефикасност, нашиот тим падна на 6-то место.

WebOhrid