Започнуваат подготовките за Вевчанскиот карневал

Започнуваат подготовките за Вевчанскиот карневал. Тоа е настан што го слави доаѓањето на Новата година според стариот календар. Вевчанскиот карневал е традиција која опстојува со години и која е масовно прифатена како од вевчанците така и од многубројните гости кои секоја година во месец јануари доаѓаат во Вевчани.
Карневалот се одржува на 13 и 14 јануари, но од пред неколку години случувањата започнуваат порано. И оваа година, освен традиционалните маски на вевчанците кои отворено се потсмеваат на општествено-политичките случувања во државава во годината што изминува, најавена е и богата културно-уметничка програма со интересни музички гости.
Како што би рекле вевчанци: „Ке да си, за Св.Василја дома да си!“, тие со отворено срце и душа ве покануваат на годинешниот Вевчански карневал.
Карневалот завршува на зајдисонце на Василица, 14 јануари, со церемонијално палење на маските. Фрлањето на маските во огнот го симболизира уништувањето на злото, прочистување од лоши духови и влегување со чиста душа во новата година.
WebOhrid