Запленет позлатен „калашников“ вреден најмалку 50 илјади долари

Полицијата во Хондурас заплени позлатен „калашников“, украсен со дијаманти, на еден ранч во сопственост на локален нарко дилер. Полицијата соопштила дека „калашниковот“ е со високо квалитетна изработка со фини гравури и дека неговата вредност е најмалку 50 илјади долари. Полицијата, исто така, соопштила дека изгравираниот текст ја поврзува пушката со локалната нарко банда која е поврзана со мексиканскиот картел „Зетас“.

Во истрагата пронајдени биле над 50 парчиња други видови оружје, панцири и 11 автомобили. Покрај позлатениот „калашников“ АК-47, запленети се 32 пиштоли со различни калибри, 15 пушки со голем калибар, ракетни фрлачи, 4 маски за ноќно гледање, пасоши, гранати и бајонети.

Хондурас е земја со најголем број на убиства по глава на жител, и претставува главен „лидер“ за криумчарење на кокаин од Јужна Америка во САД.