Хеликоптер се сруши во центарот на Лондон

Во близина на железничката станица во Лондон се сруши хеликоптер кој претходно удрил во кран. Полицијата потврди за две жртви од оваа несреќа, додека пак околу 15 лица се повредени.

Несреќата се случила околу 8 часот. Според изјави од очевидци, хеликоптерот удрил во кран во близина на железничката станица Воксол, при што паднал. При паѓањето оштетени и запалени се и неколку возила. Врвот од зградата на која е поставен кранот за тоа време бил во магла.