По силниот ветер вонредно се чисти кејот

Големото невреме кое синоќа го зафати охридскиот регион, проследено со силен ветер, од езерските води исфрли големи количини отпад на кејот и пристаништето. Екипите на „Јавна Хигиена“ од раните утрински часови се на терен расчистувајќи го натрупаниот отпад, каде најзастапена е трска и пластика. Подигнати се околу 10 м³ отпад.