Здружената опозиција утре во Охрид организира „Марш за слобода“

Здружената опозиција, утре (петок), во Охрид организира „Марш за слобода“, со кој продолжува да го изразува своето граѓанско незадоволство од владеењето на актуелната власт на чело со ВМРО- ДПМНЕ.

Зборното место  на  учесниците на „Маршот за слобода“ ќе биде во 17 часот и 30 минути пред седиштето на ОО на СДСМ на  Булеварот „Туристичка“, а во 18 часот поворката ќе тргне по „Туристичка“ до Градскиот пазар, па ќе заврти по улицата „Македонски просветители“ и ќе пристигне на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“. На големиот граѓански протест ќе се обратат претседателот на СДСМ Бранко Црвенкоски, градоначалникот Александар Петрески и претставници на политичките партии на здружената опозиција.