Автохтони Роми во Охрид нема

Дегутантно е, со политичката филозофија на „теоријата на сила“ да фаворизираш нешто, што објективно не постои, ниту ретроактивно векови наназад, а камоли како последица на претходната дискрепанса да иницираш нешто необјективно, а се со една единствена цел, да играш улога на влијателен политички фактор. Немам, дефинитивно ништо против Ромите во Македонија, но да се потенцира и со една за мене провоцирачка формација, во Македонскиот Ерусалим, да се прославува Светскиот ден на Ромите 8, дефинитивно е, политичко деградирање на тој ден, многу битен за Ромите, низ целиот свет.

Едноставно, Роми автохтони, во Охрид, Ресен, Струга, нема, но тоа не значи дека ние немаме соработка на одредени полиња, како посебни етнички заедници, кои и тоа како имаат слични проблеми. Египќаните биле, се и ќе бидат крвотокот на мултиетнички, мултиконфенсионален Охрид, и таа позиционираност со сета сила ќе ја одбранат.

Неприродно и крајно деструктивно дејствување на одредени центри на политичка моќ, ја практикуваат асимилацијата како еден страшен феномен, и голем непријател на демократијата, а особено се засилува за време или пред одржување на избори, биле Локални, Парламентарни или Претседателски.

Египќаните, и после изборите ќе останат Египќани, за разлика од Ромите, кои во последно време, и тоа како имаат шанса и дадена можност да ги уживаат привилегиите кои им ги дава државата. Колку за илустрација, ниту 1 Египќанец, не е вработен согласно содржината, духот и целта на Охридскиот Рамковен Договор. Но, драги мои, тоа е судбината на Египќаните. Понекогаш, треба вината да си ја бараме и во самите нас, бидејќи некои работи од самите нас, индивидуално или како колективитет зависат, притоа да не ја симнуваме дадената од бога вредност и предиспозираност.

Со почит, Демир Далип

Овластен застапник на Египќаните за надворешна соработка и предводник на ОПЕМ

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.