Се расчистува потегот до Св.Стефан

По минатонеделната акција за расчистување на просторот околу магистралниот пат од Охрид до аеродромот, денес екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ го расчистуваа појасот околу магистралниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот од „Хидробиолошки завод“ до населба „Св.Стефан“. Ангажирани беа 10 работници, а подигнати се 50 вреќи комунален отпад, во најголем процент пластика и хартија.