Чедомир Јаневски не преговарал со Олимпијакос

“Нема вистина во пишувањата дека преговарам за тренерското место во Олимпијакос. Медиумите објавија сензационална вест само врз основа на мојата приватна посета на Атина. Во Олимпијакос поминав две години од тренерската кариера,  таму имам пријатели, нормално е што комуницираме и имаме меѓусебна почит. Бев присутен  на натпреварот Олимпијакос – Јанина, како дел од поранешниот тим го поздравив триумфот на Олимпијакос“, изјави селекторот на “А“ репрезентацијата на Македонија, Чедомир Јаневски.

“На шести февруари не очекува контролен натпревар со Данска во Скопје и целосно сме фокусираме на тој натпреварот. До крајот на неделава ќе го објавиме списокот на играчи на кои ќе сметаме за пресметката против Данска“, дополни селекторот на најдобрата наша селекција.

извор: ФФМ