Црвена Ѕвезда 87-72 МЗТ Скопје

Во 19-то коло од јадранската АБА лига, екипата на МЗТ Скопје гостуваше во Белград против екипата на Црвена Ѕвезда.

Домашните добро го започнаа овој натпревар, прикажаа добра игра и водеа со 6 поени разлика по првата четвртина. Уште поубедлива втора четвртина имаа играчите на Ѕвезда, по која водеа со 22 поени разлика на полувреме, со резултат 60-38.

Второто полувреме беше за нијанса подобро за МЗТ Скопје. Нашите кошаркари играа добро и по третата четвртина успеаа да го намалат резултатот на 74-60 и да дојдат до негатива од -14.

Последната, не многу ефикасна четвртина, тактички, домаќините не им дадоа простор на нашите кошаркари да направат нешто повеќе, за на крајот Црвена Ѕвезда да го победи МЗТ Скопје со 87-72.

WebOhrid