Најмалку 245 жртви во пожар во ноќен клуб во Бразил

Најмалку 245 лица починаа откако ноќниот клуб „Кис“ го зафати пожар, во градот Санта Марија на југот од Бразил. Според одредени медиуми, пожарот бил предизвикан од испалувањето на пиротехнички ефекти кои ги имал поставено бендот кој свирел во тој ноќен клуб.

Ноќниот клуб имал само еден излез, а од паника при излегување некои од жртвите биле буквално прегазени, додека пак повеќето од нив за задушиле од отровни гасови. Повредени се повеќе од 200 луѓе кои се префрлени во болница.