Јаневски го објави списокот за натпреварот против Данска

Селекторот на “А“ репрезентацијата на Македонија, Чедомир Јаневски  на прес-конференција го соопшти списокот на играчи како и неговите очекувања во пресрет на контролниот натпревар со селекцијата на Данска. Пријателскиот дуел Македонија – Данска ќе се одигра на 06.02.2013 година на Националната арена “Филип Втори“ во Скопје.

“Се решивме да играме во состав кои го носи товарот и во квалификациските натпревари кои ги одигравме досега. Избравме да играме тест дуел со една силна репрезентација која високо котира на ФИФА листата каква што е Данска, бидејќи во првите два натпревара во квалификациите оваа година не очекуваат два тешки натпревари против Белгија. Пресметката ќе биде добра можност да видиме до каде сме со формата. Повикавме 21 фудбалер, имаме проблеми со повредени фудбалери, Георгиевски, Шиков и Хасани не се во составот, но се надеваме дека сите ќе бидат подготвени за дуелите со Белгија“, истакна селекторот на македонската репрезентација.

 Голмани:

 Мартин Богатинов (Карпати, Украина)

 Томе Пачовски (Мехелен, Белгија)

 Одбрана:

 Александар Тодоровски (Полонија, Полска)

 Бобан Грнчаров (Ботев П., Бугарија)

 Стефан Ристовски (Бари, Италија)

 Николче Новески (Мајнц, Германија)

 Бојан Марковски (Аполон, Кипар)

 Александар Лазевски (Партизан, Србија)

 Даниел Мојсов (Таврија, Украина)

 Среден ред:

 Мухамед Демири (Тун, Швајцарија)

 Остоја Стјепановиќ (Вардар)

 Дарко Тасевски (Кирјат Шмона, Израел)

 Предраг Ранѓеловиќ (Вардар)

 Дејан Блажевски (Хоризонт Турново)

 Никола Глигоров (Алки, Кипар)

 Напад:

 Иван Тричковски (Бриж, Белгија)

 Горан Пандев (Наполи, Италија)

 Мирко Ивановски (Астра, Романија)

 Агим Ибраими (Марибор, Словенија)

 Александар Трајковски (Зулте В., Белгија)

 Адис Јаховиќ (Цирих, Швајцарија)

Нашиот национален тим првиот собир го има в понеделник, на 4 февруари. Данска доаѓа во вторник, и ќе има еден тренинг од 18:30 часот на арената „Филип Втори“.

извор: ФФМ