Партиска конвенција на кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески

Синоќа на партиска конвенција во Охрид, ВМРО-ДПМНЕ го претстави кандидатот за градоначалник, д-р Никола Бакрачески, кој што пред присутните имаше свое обраќање. 

„Како водич за раководење на Охрид во наредниот период од 4 години, излегувам со прецизна и јасно дефинирана програма за Охрид во која секој од вас ќе може да се пронајде. Тоа ќе биде најсериозната и најобемната програма досега направена за Охрид, програма која ги инкорпорира експертските мислења и професионалните анализи на многу еминентни луѓе, не само од Македонија, туку и од други градови од Европа“. – рече д-р Бакрачески.

Како што истакна Бакрачески, стратешки цели ќе бидат економскиот раст и развој на општината, креирањето на нови работни места и унапредувањето на туризмот и културата како и меѓународната соработка на градот.

„Урбанизмот е најболната точка на овој град, точка на ужас и страв, точка на хаос и анархија. Конечно ќе воспоставиме ред во оваа сфера, ќе вложуваме во препознатливи и неопходни објекти, како што се современа меѓуградска автобуска, затворен зелен пазар, катни гаражи, ќе пристапиме кон реконструкција на градското пристаниште, ќе изградиме модерна марина, аква парк, ќе изградиме голем трговски центар и ќе инвестираме во здравствениот туризам. Сите овие објекти ќе станат составен дел на новиот развиен Охрид“. – потенцираше д-р Бакрачески.

На кандидатот за градоначалник на град Охрид, д-р Никола Бакрачески, врвна цел ќе му биде Охрид да го врати сјајот, достоинството и важноста во регионални рамки.

konvencija2

WebOhrid