Македонија 3:0 Данска

Одлична игра на Македонија во првото полувреме на пријателскиот натпревар против Данска, која е 23-та според ФИФА рејтинг листата. Нашата репрезентација доминираше во текот на целото полувреме, резултатот го отвори Горан Пандев со гол во 8 минута, по асистенцијата на Александар Лазевски, а 9 минути подоцна, во 17 минута резултатот на 2:0 го зголеми Агим Ибраими. Третиот гол се насетуваше уште кога Адис Јаховиќ се сплетка и промаши 100% шанса, а веднаш потоа од прекин во 24 минута Иван Тричковски нафрли во шеснаесетникот на Данска каде се најде Николче Новески кој биеше со глава и го зголеми резултатот на 3:0.

Второто полувреме започна мирно, со претпазлива игра од обете страни. Направени беа повеќе измени, играта беше со чести прекини, а Данска заработи и два жолти картони. Тоа што е за пофалба е што Македонија беше подобриот противник, а Данска во подредена позиција се обидуваше да го ублажи поразот, но сепак не успеа. Резултатот од првото полувреме 3:0 беше и конечен резултат.  

Web Ohrid