Повторно поскапување на нафтените деривати

Цените на горивата, од ноќеска на полноќ повторно се зголемуваат, бензинот за 2,5 денари, додека пак дизелот за половина денар, соопштуваат од Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 84,00 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 85,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 0,50  ден/лит, и ќе  изнесува 71,50 ден/лит.

Како што соопштуваат од РКЕ, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 0,50  ден/лит така што сега ќе  изнесува 60,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,404 ден/кг, така што сега ќе чини 42,928 ден/кг.