Фотографската изложба „Погледи“ во Охрид

Надоградувајќи се на долгата фотографска традиција во градот на конзулите, Фото Кино Клуб Битола се ориентира кон техничко усовршување и следење на современите трендови на фотографијата и филмот како уметнички израз на визуелната култура. Поточно, пренесувајќи ја идеjата дека фотографијата покрај документарните својства, може да содржи и едно сосема поинакво естетско доживување, кое веќе подолго време во светот а и кај нас се наметнува како посебна уметничка дисциплина.

Придржувајќи се до овие начела членовите од Фото Кино Клуб Битола во соработка со Центарот за културен проток АРТерија од Охрид ќе се претстават за прв пат пред охридската јавност со своја клупска изложба на уметнички фотографии наречена „ПОГЛЕДИ”.

Изложбата ќе биде отворена во сабота на 16.02.2013 година во галеријата на Н.У. Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, во 19:00 часот.