Семинар „Вооружените сили во демократските општества“

Во период од 12-14 февруари 2013 година се одржува Семинар на тема „Вооружените сили во демократските општества“ во Центарот за обука „Д-р Џозев Крузел“ при Секторот за човечки ресурси и ќе реализира со експерти – предавачи од Центарите за развој на Лидери и цивилно образование во Штраузберг и Кобленц, Сојузна Република Германија.

Оваа активност е резултат на успешната и континуирана билатералната соработка помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на Сојузна Република Германија и значајната поддршка на Амбасадата на Република Германија во Република Македонија.

Семинарот има за цел да обезбеди практични информации за примената на целите и принципите на Концепцијата за внатрешно раководење (историските основи и развој, лидерството, цивилното образование, улогата на Бундесверот во мировните мисии, правата и должностите на воените лица, хармонизација на семејството и службата).

На семинарот учествуваат 26 (дваесетишест) учесници – од Министерството и од Армијата, чии делокруг на работа е од областа на менаџментот со човечки ресурси, образованието и обуката и од правната област.

Семинарот со своите содржини и интерактивност претставува значаен сегмент во професионалниот развој на персоналот на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.