Советот за радиодифузија го честита светскиот ден на радиото

Денот 13 февруари 2013 година е прогласен како Светски ден на радиото од страна на УНЕСКО. Целта е да се подигне свесноста за значењето на радиото меѓу јавноста и медиумите, да се охрабри вмрежувањето и меѓународната соработка меѓу радиодифузерите, да се промовира пристапот до информации и слободата на изразување преку брановите на овој медиум.

Радиото, како универзален медиум кој досега до различни заедници и маргинализирани групи, нудејќи притоа забава, едукација, користење на правото на слобода на изразување, јавни дебати, е составен дел од секојдневнието на многумина. Со развојот на интернет и мобилните технологии уште повеќе се зголемуваат неговиот досег и можности.

Советот за радиодифузија  им препорачува на медиумите, доколку се во можност да го одбележат  овој ден преку дебати и дискусии со претставници од медиумите, креатори на политики, експерти; накратко да информираат за некоја од темите за кои се зборуваше на настанот организиран од УНЕСКО на 13 февруари, преку контактни радио емисии со слушатели за важноста на радиото или на друг соодветен начин.