Токио најскап град на светот

Најскап град на светот е Токио, а најевтиниот е Карачи, ова се резултати од анкетата која веќе 20 години ја спроведува консултантска куќа „Economist Intelligence Unit“.

На прво место од листата од 131 најскап град, престолнината на Јапонија се најде на прво место по 14 пат по ред, пред уште еден јапонски град – Осака, и пред третопласираниот, австралискиот Сиднеј.

Четвртото и петтото место го делат Осло и Мелбурн, пред Сингапур и Цирих кој падна за 6 места во однос од пред една година. Париз се наоѓа на осмото место, Каракас на деветтото, а Женева на десетто место.

Њујорк се најде на 27 место оваа година, за разлика од претходната година кога беше на 19 место.

На оваа листа најевтин град е пакистанската престолнина Карачи, потоа следуваат индиските градови Мумбаи и Њу Делхи.