Фазли повторно стрелец за Хелмонд

Самир Фазли одигра одличен натпревар во холандската Прва дивизија, неговиот тим Хелмонд Спорт со 4:3 го победи Емен. Нашиот репрезентативец го одигра целиот натпревар, постигна гол на почетокот на второто полувреме во 48 минута со што го доведе Хелмонд во водство од 2:1, а беше и еден од најзаслужните за победата на домашниот тим. Фазли заработи и жолт картон во 89 минута.

И Антонио Станков одигра цел натпревар за МВВ во кој неговиот тим изгуби на домашен терен со 1:2 против Камбур.