Македонските интернационалци без пораз

Во саботните натпревари ширум Европа играа неколку наши интернационалци, кои останаа не поразени.

Во германската Бундес Лига, Николче Новески го одигра целиот натпревар за Мајнц, во кој неговиот тим на домашен терен одигра 2:2 против тимот на Шалке.

Белгискиот Зулте Варегем победи со 2:0 против Беверен. Александар Трајковски одлично асистираше за првиот гол, а излезе од игра во 84 минута, кога се беше решено во корист на неговиот тим.

Во австриската Бундеслига, Илчо Наумоски излезе од игра во 71 минута, каде неговиот тим Матерзбург ремизираше со 0:0 против Штурм Грац.

Во Азербејџан, Един Нурединоски бранеше на целиот натпревар во кој неговиот тим Баку успеа со 2:0 да го совлада АЗАЛ. И Муарем Муарем успеа да забележи победа со неговиот тим, Карабак со 3:0 против Сумгајет. Муарем излезе од игра во 62 минута кога неговиот тим водеше со 1:0.

И во неделните натпревари нашите интернационалци останаа не поразени.

Луцерн и Цирих одиграа 1:1. Адис Јаховиќ влезе во игра во второто полувреме во 59 минута, заработи и жолт картон во 71 минута. Мухамед Демири го одигра целиот натпревар во кој неговиот тим Тун одигра 1:1 против Сервет. Демири заработи и жолт картон.

Во Белгија, Локерен и Клуб Бриж одиграа 1:1. За тимот на Бриж, Иван Тричковски влезе во игра во 64 минута, но не успеа да влијае на резултатот кој беше 1:1 уште од 19 минута.

Славчо Георгиевски го одигра целиот натпревар во кој неговиот тим Интер Баку со 2:1 ја совлада Кабала. Георгиевски заработи и жолт картон во 58 минута. И тимот на Игор Митрески, Нефтчи забележа победа во гости со 0:2 го совлада Симурк. По 20-то коло тимот на Интер Баку е на првото место, додека пак Нефтчи е на второто место во Азербејџан.

Web Ohrid