ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наместо да се занимаваат со нивните проблеми, тие ја замајуваат јавноста

Во врска со соопштението од општинската организација на СДСМ – Охрид, во кое го обвинува ВМРО-ДПМНЕ за предвремена и противзаконска предизборна кампања, со реакција излезе и ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

„Во очигледна паника и страв во СДСМ наместо да се занимаваат со нивните внатрепартиски проблеми тие објавуваат лаги и невистини за активностите на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, а се со една цел замајување на јавноста.

Имено, ја известуваме јавноста дека не станува збор за предвремено започнување на изборната кампања од страна на ВМРО-ДПМНЕ туку напротив кандидатот за градоначалник на градот Охрид д-р Никола Бакрачески и кандидатите на советничката листа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ како дел од непосредна партија блиска до своите партиски членови и симпатизери ги запознаваат со изборната програма.

Потенцираме дека ова е уште еден обид на СДСМ да ја манипулира јавноста и наместо со нивните лаги за активностите на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Охрид подобро ќе беше да се појавеа со конкретни проекти за подобар Охрид, токму онака како што тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ и д-р Никола Бакрачески и кандидатите за советници на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид чија победа е извесна на наредните локални избори“. – стои во реакцијата од центарот за комуникации при ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.