Николче Новески го одигра целиот натпревар, во кој иако со играч повеќе од 29 минута, неговиот тим Мајнц одигра само 1:1 против Волфсбург.
Адис Јаховиќ влезе во игра во 71 минута, а постигна гол во 79 минута, во натпреварот во кој неговиот тим Цирих го совлада Јанг Бојс со 4:0.
Во Белгија, Томе Пачовски бранеше на целиот натпревар за Мехелен кој на домашен терен изгуби со 1:2 од Леувен. Клуб Бруж одигра 2:2 против водечкиот Андерлехт, а Иван Тричковски за домашниот тим влезе во игра во 82 минута.
Во Австрија, Илчо Наумоски поцрвена во 43 минута, а домашниот тим Вакер Инсбрук со играч повеќе успеа да даде два голови во вториот дел и со 2:0 да го победи Матерсбург.
Самир Фазли повторно беше стрелец за тимот на Хелмонд, но сепак неговиот тим во гости изгуби со 2:1 од Го Ахед Иглс.
Во пресметката во Азербејџан, помеѓу Игор Митрески и Славчо Георгиевски, односно помеѓу Нефтчи и Интер Баку, со 2:0 победи Нефтчи, тимот на Игор Митрески. И двајцата наши репрезентативци го одиграа целиот натпревар. По овој дуел врвот го презеде екипата на Нефтчи.
WebOhrid