Куратица доби камери и за ноќно надгледување

Пред извесно време во Куратица беше поставен видео надзор за надгледување и заштита од крадци преку ден. Но, од денес веќе се постави камера и за надгледување во текот на ноќта.

„Камерите се со можност да ротираат 360°. Очекуваме со помош на нашите иселеници да се постават уште 5 вакви камери“. – изјави претседателот на Советот на месната заедница Куратица, Горан Ангелоски.

Сето ова е со цел за поголема заштита од крадци, а одредени камери служат за промоција на селото, каде посетителите на интернет имаат можност 24 часа да го следат во живо. Исто така можат да ја следат временската состојба, (температура, врнежи, влажност на воздухот, брзина на ветерот…) преку метеоролошката станица, која е поврзана на интернет со официјалниот сајт на Куратица.

Советот на месната заедница од Куратица изразува голема благодарност за донацијата на нашите иселеници од дијаспората, а се надеваат и очекуваат нивна понатамошна поддршка.

WebOhrid

фото: kuratica.eu