Средба на Министерот Попоски со македонски претставници во меѓународните и други организации во Женева

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски оствари средба со претставници на македонската заедница кои работат во меѓународните организации кои имаат свои седишта во Женева.

На средбата учествуваа македонски претставници вработени во: WIPO, UNCTAD, IOM, IEC, ILO, ITU, како и организации вон системот ООН, но и корпорации од меѓународен ранг како Визер, Кредит свис, Интернационалниот аеродром Женева.

Средбата се оствари со цел поблиско побрзување на македонските претставници во различните меѓународни организации со Република Македонија и создавање на мрежа на контакти за размена на информации и развивање соработка на политичко и економско ниво. Заеднички беше поздравена можност која за првпат им се овозможува на овие претставници да го искажат своите искуства во корист на подоброто етаблирање на Република Македонија во женевските кругови.