Успешна интервенција на територијалната противпожарна единица-Охрид на браната на Слатинско Езеро

По барање на Дирекцијата за заштита и спасување – Охрид, територијалната противпожарна единица – Охрид на 24.02.2013 година изврши техничка интервенција во реонот на Слатинско Езеро, во делот на браната на езерото. Помошта од Дирекцијата за заштита и спасување е побарана поради недостаток на опрема за дејствување во такви околности односно отварање на испусни вентили за одливање на водата во езерото и намалување на нивото на водата.

Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид интервенираше со едно технички опремено возило, командир на одделение, раководител на интервенција и возач пожарникар. При голем ризик од рушење на дел од браната храбрите пожарникари немислејќи на последиците по себе туку на последиците од евентуалното рушење на браната тактички и стручно извршија пристап до блокираниот вентил после браната кој навреме го отворија, а со тоа обезбедија проток на вода од езерото и намалување на нивото на водата.