Ракометната Федерација објави Конкурс за селектор

Врз основа на одлуката на УО на РФМ донесена на 05.03.2013 година и врз основа на Законот за спорт член 27, Ракометната Федерација на Македонија распишува Конкурс за избор на Селектор на Сениорската машка репрезентација на Македонија.

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

– CV (со постигнати спортски резултати);

– Висока (7-ми степен) или Виша (6-ти степен) стручна спрема во областа на спортот или да поседува меѓународна лиценца за ракометен тренер;

– План и програма за работа со националната селекција за период од 1(една) година;

– Познавање на еден од светските јазици.

Молбите со потребните документи да се достават до:

РАКОМЕТНА  ФЕДЕРАЦИЈА  НА  МАКЕДОНИЈА

Скопје, Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 15

(со назнака за КОНКУРС за селектор)

Конкурсот трае 8 (осум дена) од денот на објавување на веб страната на РФМ www.macedoniahandball.com