Шешоски: Еден од главните столбови на економскиот развој во Охрид ќе биде подобрување и развој на неговата енергетската состојба

На денешната прес конференција пред медиумите и граѓаните на Охрид Климе Шешоски како кандидат од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра иднина изнесе ставови за проблематиката која е исклучително важна за Охрид како туристички центар и зад која како политика застанува целата советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата како кандидати за овие избори.

„Во град каков што е Охрид, еден од главните носечки столбови на економскиот развој во идниот период ќе биде подобрување и развој на неговата енергетската состојба. Во таа насока предвидуваме низа на мерки за потикнувањето на процесот на подобрување на енергетската ефикасност во градежништвото, пример преку намалување на комуналните давачки соодветно за секоја имплементирана енергетски ефикасна мерка т.е. соодветно субвенционирање“. – рече Шешоски.

Со тоа како што рече Шешоски ќе се подобри и прошири п програмата за енергетска ефикасност на Општина Охрид која е во моментов е претесна.

„Тој исчекор ќе го направиме и со цел подобра припрема на објектите за новите енергетски пасоши кои ќе мора да ги има секој објект предвидени и кои ќе влијаат на цената на градбите токму како што предвидуваат Европскате директиви. Во тој стратешки пристап ќе се движиме кон искористување на главниот адут – потенцијал кој го има во Охрид, а тоа се обновливите извори на енергија со акцент и на туристичките капацитети т.е. на нивно енергетско подобрување-независност, а со тоа и подобра конкурентност на туристичката понуда“. – додаде Шешоски.

Сите овие мерки покрај економските придобивки имаaт многу голем еколошки придонес кон почист и незагаден Охрид.

„Охрид години наназад беше без концепт во сферата на нови технологии и зелена економија. Се раководеше од моментални желби, без стратегија за напредок и развој. Бизнис сферата беше оставена далеку од случувањата во Општината. Мое мислење е дека токму бизнис сферата со развојот на нови технологии мора да биде креатор на економските случувања во Охрид и двигател на тој економски напредок. Моите заложби ќе одат во правец на развој на малите претпријатија кои мора да бидат дел од развојот на Охрид и помагател на основната економска гранка туризмот“. – истакна Шешоски.

На крајот Шешоски, како кандидат за советник, упати апел до сопствениците на малите и средни претпријатија во Охрид, да ја поддржат советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, да ја игнорираат непринципелноста и неконкурентноста создавана од досегашната локална самоуправа, да ја игнорираат практиката на креирање долгови и ненаплатени побарувања и да се вклучат во новите текови и новите принципи и креации за напредок на Охрид предводени од новата Локална самоуправа предводена од мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ и новиот Градоначалник д-р Никола Бакрачески.

Sesoski2WebOhrid