Сојузот за иднината изразува благодарност за гостопримството на политичкиот противник

Сојузот за иднината испрати реакција до медиумите поврзана со денешната изненадна посета на актуелниот градоначалник Александар Петрески, во просториите на противничкиот кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески.

„Сојузот за иднината изразува благодарност за гостопримството на политичкиот противник, сметајќи дека ќе победи подобриот, што во исто време значи и дека Сојузот за иднината очекува честитка за фер победата која ја очекуваме на листата од народот за народот на овие избори.

Политичката зрелост е нешто што се стекнува со искуство, но пред се, мора да се носи во себе“. – стои во реакцијата на Сојузот за иднината.