Петрески: Нема да дозволиме повторно да се случи национализација

„Ние, до крај ќе ја почитуваме одлуката на синодот на Македонската Православна Црква, а исто така со сите мерки што ќе ги преземаме, ќе се трудиме и гарантираме дека не ќе може со законите на Александар Николоски и на оваа забегана влада да дозволиме сето тоа на некој белосветски преварант каков што е Субрата Рој да дозволиме ова подрачје да го уништува. Ние не сме против инвестиции, ние сакаме инвестиции, меѓутоа најважно е ова што го зборував да се зачува, а секако и покрај тоа и екологијата, Охридското Езеро и сите подрачја околу него“. – изјави актуелниот градоначалник Александар Петрески при неговата посета во Свети Наум.

Петрески на сите жители кои што живеат тука, кои гравитираат околу ова подрачје Љубаништа, Трпејца, Пештани, им порача дека нема да дозволат да го земат, и дека можат мирно можат да спијат во однос за своето земјиште.

„Тоа што им е „дедоња“, нема да дозволам повторно да се случи национализација, многу погруба него национализацијата во 46-тата година што беше. Со законите на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ се покушава да се изврши повторно национализација на земјиштето во ова подрачје“. – истакна Петрески.

WebOhrid