Со скок од 5 места, Македонија се искачи на 73-то место на ФИФА рејтинг листата

Според најновата ФИФА рејтинг листа, фудбалската репрезентација на Македонија со скок од +5 места се искачи од 78-то место на 73-то место.

Од нашата група А, во квалификациите за Светското првенство Бразил 2014, Хрватска остана на 9-то место, Белгија со скок од +1 се најде на 19-то место, Србија со скок од +1 се најде на 35-то место, Шкотска со пад од -2 на 66-то место и Велс со -3 се најде на 71-то место.

Врвот на ФИФА рејтинг листата и понатака остана непроменет каде се наоѓа водечката тројка Шпанија, Германија и Аргентина.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Авганистан, која со скок од +48 места се најде на 141-то место. Додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Судан од -23 места и се најде на 127 место.

WebOhrid