Сојуз за иднината: Одговорете дали тројцата повикани ќе дојдат на јавно соочување

Во врска со прес–конференцијата на ВМРО–ДПМНЕ со реакција излезе Сојузот за иднината во која стои:

 „Луѓето споменати во пресот не ги претставуваат сите категории граѓани кои ги споменувате. Меѓу другото, она што го изложи Петрески денес беа аргументи. Ништо повеќе и ништо помалку. Немојте да вршите психоанализа за нешто за што не сте компетентни. Наместо да ја замајувате јавноста и постојано да имаме вакви пресови и реакции на нив, заморувајќи ги граѓаните, одговорете дали тројцата повикани ќе дојдат на јавно соочување, каде без монтирани снимки и на раце напишани текстови ќе ги соочиме нешите дела, перцепции и визии. На вашите спинувања им нема крај, но утре е Прочка ќе ви простат граѓаните“. – се вели во реакцијата од Сојузот за иднината, испратена до медиумите.

WebOhrid