Пандев одличен, Лазевски солиден, Наумоски изгуби

Горан Пандев одигра одличен натпревар во италијанската Серија А, каде неговиот тим Наполи на домашен терен со 3:2 ја совлада Аталанта. Пандев асистираше во 65 минута кога Кавани постигна гол и го доведе Наполи во водство од 2:1, а во 81 минута Пандев постигна гол и го постави конечниот резултат.

Партизан го победи ОФК Београд со 2:0. Нашиот репрезентативец Александар Лазевски го одигра целиот натпревар за Партизан.

Матерзбург изгуби на домашен терен со 0:4 од Австрија Виена. Илчо Наумоски не успеа да постигне почесен погодок за Матерзбург, беше заменет во 69 минута.

WebOhrid