Сојуз за иднината: Еднаш обвинувате за превработеност, а другиот пат се однесувате како спасител од кој никој не бара помош

Во врска со денешната прес-конференција на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, со реакција излезе Сојузот за иднината во која стои:

„Почитуван кандидат за градоначалник, пред што и да изјавите од центарот за лаги и манипулации на ДПМНЕ, проверете дали вашиот прес кореспондира со други пресови кои ги даваат од вашиот изборен штаб. Еднаш обвинувате за преголема вработеност во Јавните претпријатија и Локалната самоуправа, а другиот пат се однесувате како спасител од кој никој реално не бара помош. Вработените во Локалната самоуправа знаат за односот на Петрески кон нив, и напротив место мобингот за кој зборувате, во Локалната самоуправа  владее меѓусебна почит и взаемно задоволство. Тоа што вас како кандидат не ве прифаќаат дури ни од матичната партија и тоа што луѓето од ДПМНЕ не веруваат во вашата приземност, не е виновен нити Александар Петрески, нити Сојузот за иднината. За Петрески и раководителите во Јавните претпријатија зборуваат вработените и ние никогаш нема сами да зборуваме како вие во овој прес дека вработените во кардиолошки центар биле презадоволни од вас, затоа што оставаме граѓаните тоа да го кажат самоиницијативно и на избори.

Кога ги погледнавте анкетите и кога го почуствувавте пулсот на граѓаните, исплашено почнавте со неиздржани популистички лажни пресови со што конечно го откривте вистинското лице, а не она љубезното позади кое се криевте. Од сојузот за иднината почнавме со одбројување за јавно соочување со вас, но вие место да одговорите дали ќе излезете на јавно соочување, продолжувате да стоите пред скапиот банер позади партиската говорница, во скапото одело, многу далеку од народот, очекувајќи дека сето ова нема да го забележат граѓаните, но почитуван, тоа првенствено го забележаа луѓето од вашите редови.

Сами знаете дека во јавната дебата нема да ви биде комотно како во скапиот изборен штаб, каде вашите советници знаејќи за вашиот изборен пораз Ве посоветуваа да почнете со агресивна  кампања за да спасете колку што може да се спаси.

Вие како лекар најдобро знете дека стравот од кашлицата не може да се сокрие“. – стои во реакцијата од Сојузот за иднината.

WebOhrid