Разбојништво во обложувалница во Струга, одземени 88 илјади денари

Кривично дело разбојништво  извршено е синоќа околу 22 часот и 17 минути во спортската обложувалница  „Бетсити Балкан“ во Струга.

Три засега непознати и маскирани лица, од кои двајцата вооружени со огнено оружје пиштол, насилно велегле во спортската обложувалница лоцирана на улицата „Димче Ковачески“ во Струга.

Еден од нив, репетирајќи го пиштолот, веднаш се упатил кон пултот за наплата и на вработениот, заканувајќи му се дека ќе пука, му ги побарал парите.

Притоа, бесправно одзел вкупно 88.000,оо денари од кои 24.000,оо биле пари од дневниот промет а 64.000,оо денари биле наменети за исплата.

Додека двајцата маскирани ги одземале парите, третиот стоел пред влезната врата.

Полициската станица од Струга презема интензивни мерки за пронаоѓање на сторителот на разбојништвото и расветлување на казненото дело.