Новиот градоначалник Бакрачески оствари средба со Министерот Попоски

Новиот градоначалник д-р Никола Бакрачески денес оствари средба со Министерот за надворешни работи Никола Попоски. Целта на средбата беше запознавање со програмата и проектите во делот на интензивирањето и унапредувањето на меѓународната соработка на градот Охрид, односно на Локалната самоуправа.

BakraceskiPoposki1

„Разговаравме околу можностите за подобра координација на активностите помеѓу локалната самоуправа и Mинистерството за надворешни работи односно нашите амбасади, конзуларни претставништва во странство околу начините и механизмите, на кои ќе остваруваме соработка, се со цел да направиме еден исчекор во интензивирање на таа соработка. Разговараме околу можностите за сигнификантно подобрување на квалитетот на промоција на градот Охрид надвор од границите на Македонија, разговаравме за интензивирање на меѓународна соработка помогната од МНР околу некои наши проекти за привлекување на странски инвестиции, а секако разговаравме и во делот на развојот и подобра промоција на можностите на Охрид, што ги дава во делот на развој на здравствен туризам“. – изјави Бакрачески.

Bakraceski

Во текот на денешниот разговор новиот градоначалник д-р Бакрачески и Министерот за надворешни работи Никола Попоски се фокусираа на две клучни теми.

„Првиот дел се однесува на изградбата и промоцијата на РМ и особено изградбата и промоцијата на локално ниво, Охрид и неговиот регион, неговата околина како бренд. Мислам дека имаме многу што да понудиме, но имаме многу што да направиме во иднина за таа промоција да биде ефикасна. Во делот на понудата она што го разговаравме е дека во иднина многу зависи од тоа колку ни е квалитетна понудата на локално ниво, колку успешен брендот ќе биде пред Охридското Езеро, руралната средина околу Охрид и што е она што во иднина ќе го шири тој позитивен глас. Веќе подолг временски период градиме еден имиџ на национално ниво, односно ги запознаваме странските потенцијални посетители со тоа што е Македонија каде се наоѓа и што може да понуди, но во иднина многу ќе зависи од тоа колку можеме да изградиме бренд на локално ниво“. – истакна Попоски.

Според Попоски, вториот аспект кој е доста значаен е аспектот на искористување на сите можности за заеднички проекти.

„Охридскиот регион е крајграничен регион, во рамките на ЕУ постојат многу можности за потикнување на проекти кои се со прекуграничен карактер и сметаме дека тука има голем простор за подобрување и дека мораме да бидеме многу проактивни за привлекување на дел од тие проекти и реализација на такви проекти што би значело за додадени вредности на национално ниво исто така, и мислам дека во тој дел ќе треба да се фокусираме колку на туристичката понуда толку во делот на инфраструктурата и толку во делот на руралниот развој, работи кои се значајни на европско ниво и работи за кои релативно лесно можеме да промовираме проекти во идниот период“. – рече Попоски.

Poposki

WebOhrid