ВМРО-ДПМНЕ и новиот градоначалник на Охрид, д-р Никола Бакрачески упатија честитка по повод католички Велигден

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и новиот градоначалник на Охрид, д-р Никола Бакрачески на своите сограѓани од католичка вероисповед им го честитаат големиот христијански празник Велигден.

„Христовото воскресение е најголемиот и најзначаен  ден во човековата историја, затоа што токму на овој ден луѓето откривајќи ја смислата на своето постоење, научија во животот да се раководат од вистинските вредности, добрината, вербата и љубовта.

Нека овој голем ден Ви донесе голема радост, семејна хармонија, здравје и духовен мир.

Христос воскресна, Навистина воскресна!“ – стои во честитката.