Центарот за управување со кризи испрати препораки до надлежните институции

Поради драстично зголемениот водостој на Охридското езеро, во изминатите денови, (Водостојот на Охридското езеро ја надмина за 24 см. максималната кота „693,75“) Центарот за управување со кризи на Р.Македонија, во изминатите денови испрати препорака до надлежните институции, од аспект на превенција да преземат мерки за регулирање на водостојот.

Во тој контекст, во просториите на РЦУК – Струга во изминатиот период беа одржани два состаноци на регионалниот штаб за управување со кризи и донесени се заклучоци врз основа на кои се дадени препораки до МЗШВ, Управата за водостопанство, надлежниот Сектор за концесионерство со рибарство при МЗШВ, ЕЛЕМ, ХЕЦ – Глабочица и Регионалните ЦУК на Охрид и Струга, да преземат заеднички координативни активности, односно соодветни мерки за намалување на водостојот на Охридското езеро, за што се известени и соодветните државни субјекти.

Во текот на денешниот ден во утринските часови предвидени се активности на отворање на преградите кај с.Волино за усмерување на водата на реката Сатеска преку старото корито дирекно во реката Црни Дрим.

Поради зголеменото ниво на Охридскиот езеро и неможност реката да се влева во него биле поплавени приземни делови од куќа во с.Калишта.

Исто така, поради обилните врнежи од дожд на патниот правец од населбата Елешец до селото Елешани на 200 м од главниот пат Охрид-Пештани имало одрон на земја во должина од 10 м.