Комуникација во кризни ситуации – курс во Регионалниот тренинг-центар за комуникации

Подобро разбирање на елементите на комуникацијата во кризи, што во основа ќе доведе до подобра подготовка на лицата вклучени во односите со јавноста, за време на идна можна кризна ситуација. Тоа е целта на тридневниот курс кој во следните неколку дена се одржува во Регионалниот тренинг-центар за комуникации во Министерството за одбрана на Република Македонија.

По повод свеченото отворање на курсот, државниот секретар во Министерството, Сашо Стефаноски, посочи дека Република Македонија, како дел од глобалните безбедносни концепти, посветено работи на имплементацијата на кризниот менаџмент, во насока на политиките за превенција и редукција на ризиците.

Воедно, државниот секретар Стефаноски напомна дека елементите на кризниот менаџмент се „де факто“ високо на агендите на меѓународните институции и субјекти како ООН, Европската Унија и, секако, НАТО-Алијансата, особено во услови на денешната комплексна глобална архитектура.

„Улогата на НАТО во одговор на кризните ситуации е да вклучи не само основен воен елемент, туку и операција која цели кон превенирање на кризните ситуации и заштита на цивилното население и критичната инфраструктура од потенцијалното негативно влијание од природните, технолошките и хуманитарните катастрофи“, додаде државниот секретар Стефаноски.

Курсот по „Комуникација во кризи“, во насока на целта за подготовка на лицата вклучени во односите со јавноста за време на кризна ситуација, ги инкорпорира базичните комуникации со јавноста, ефективното трансферирање на пораките до јавноста, како и специфичноста на пренесувањето на информациите во состојба на кризи. Учесници на Курсот кој има регионална димензија се претставници на Армиите на Босна и Херцеговина, на Република Хрватска, на Косовските безбедносни сили, како и претставници од Армијата на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи и Центарот за управување со кризи. Курсот се одвива под менторство на сертифицирани медиа тренери и професори со искуство во односите со јавноста и кризниот менаџмент.

KursOdbrana2