Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме. На церемонијата, покрај претседателот Иванов, присуствуваа ученици од ОУ „Тихомир Милошевски“, ОУ „Браќа Миладиновци“, КЦ „Мали Креативци“, СУГЦ „Георги Димитров“ и од СУ „Јосип Броз Тито“.