Балканот побезбеден од Западна Европа

Балканот е побезбеден од Западна Европа кога станува збор за бројот на убиства, напади и грабежи, покажуваат статистичките податоци.

Иако многу граѓани од балканските држави имаат впечаток дека живеат во насилни средини, статистиката покажува дека бројот на убиства од огнено оружје во земјите од поранешна Југославија не е поголем од останатите земји во Европа.

Ако се пресмета степенот на убиства вкупно во сите земји од поранешна Југославија, може да се дојде до коефициент 1,7 што е ист со степенот на убиства во Чешка или Белгија.

Според една студија од ОН, бројот на пријавените грабежи и напади на Балканот е многу помал отколку во Западна Европа.