Во среда, 17 април, со почеток во 11 часот ќе се одржи продолжението на Конститутивната седница на Советот на Општина Охрид.
Седницата беше прекината после верификацијата на мандатите и давањето свечени изјави на членовите на Советот.
За оваа седница остана уште една точка од дневниот ред – Избор на Претседател на Советот на Општина Охрид.