Отпочна акцијата за собирање отпад од електрична и електронска опрема

Општина Охрид, по повод одбележувањето на Денот на планетата Земја 22-ри Април, денес ја отпочна акцијата за собирање отпад од електрична и електронска опрема.

Овој вид отпад спаѓа во опасен отпад и не смее да се меша со останатиот комунален отпад. За таа цел овој вид отпад ќе го собира и третира фирма која од Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ има соодветна дозвола.

Акцијата се спроведува во три дена и тоа  на 18, 19 и 20-ти април од 10 до 18 часот на две локации: кај полигонот за мали спортови на улицата „Партизанска“ кај ресторан „Европа“ и на просторот пред продавницата за акумулатори „АКУМА ТРЕЈД“ на улица „15-ти Корпус“ бр.104 на патот за с. Лескоец.

Општина Охрид апелира до институциите, фирмите и граѓаните кои поседуваат неисправни  монитори, компјутерски процесори, принтери, тастатури и останата компјутерска опрема, како и телефони, вентилатори,  звучници, правосмукалки, телевизори и други апарати од домаќинството да ги донесат до најблиската за нив локација.