Проф Влатко Димитров од Охрид, од 20 Април до 03 Мај 2013 година ќе учествува на стручно усовршување на ИААФ Семинар за тренери- ЦЕЦС НИВО 3 пилот курс во скокачки дисциплини, кој ќе се одржи на Германскиот Универзитет за спорт во Келн/Германија. Семинарот АФМ го овозможи во заедничка соработка со РДЦ Центарот на ИААФ во Москва.
Семинарот ќе биде со теоретска и практична настава во време тарењеод 14 денови. CECS Ниво III курсот е прв настан по кој ќе се работи во групи по специфична програма во рамките на системот CECS. Главната содржината на курсот се техника и обука во скокачките дисциплини, и теоретски и практично. Со предавања Структура на планирање и општа теорија.
Предавачи на семинарот ќе бидат Др. Волфганаг Ритздорф (Директор на ИААФ Светскиот центар за скокови), Др. Фалк Шаде (Активен тренер, професор по биомеханика) и Тилман Бокхорст (Активен тренер, НОК лектор).