Попов повторно во акција

Горан Попов конечно доби шанса и се врати на теренот. И покрај „одлежувањето“ на неговата суспензија за плукање кон противнички играч, неговиот тренер Стив Кларк неколку натпревари по ред не го ставаше во игра, ниту пак го користеше како тактичка замена и покрај тоа што беше на располагање на клупата за резерви.

Денес, Попов го одигра целиот натпревар во кој неговиот тим Вест Бромвич Албион ремизираше 1:1 на домашен терен против ЊуКасл.

WebOhrid