Јато птици – атракција на небото над Охрид

Нели со доаѓањето на птиците доаѓаше и пролетта!? Навистина, некои птици (ластовичките) оваа година дојдоа заедно со пролетта, но некои дури сега пристигнуваат, како што многумина би рекле „си знаат тие кога да дојдат“.

Сведоци сме на големи климатски промени кои се случуваат во природата, а тоа секако влијае и врз живиот свет. Можеби затоа последните години птиците го менуваат „редот на летање“, кој секоја година е различен.

Ова јато птици вчера претставуваше вистинска атракција на небото над Охрид. Нашиот фото-објектив го регистрираше како го надлетува градот, менувајќи повеќе интересни форми, пред да се раздели на неколку групи кои заминаа во различни правци.

Jato02 Jato03WebOhrid