Именувани в.д. директори на јавните претпријатија во општина Охрид

По назначувањето на Елена Скрческа за в.д. Директор на ЈП „Охридски Комуналец“, со Решение на градоначалникот Никола Бакрачески денеска јавните претпријатија во Општина Охрид добија вршители на должноста Директор.

Во ЈП „Градски Гробишта„ за вршител на должноста Директор именуван е Зоран Симоноски.

Со јавното претпријатие „Градски Пазар“ ќе раководи в.д. Директорот Виолета Цепенкоска.

Никола Икономов ќе биде в.д. Директор на ЈП „Нискоградба“.

За вршителот на должноста Директор на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ во тек се усогласувањата со општина Струга.

Боро Шаин, директорот на ЈП „Билјанини Извори“ е разрешен од директорската функција, а на негово место ќе биде поставен вршител на должноста Директор веднаш после Велигденските празници.