Спречен обид за нелегално внесување на 30 илјади швајцарски франци

Царинските службеници на Аеродромот Александар Велики спречија обид за нелегално внесување на 30 илјади швајцарски франци.

Вчера (02.05.02013 година) околу 20.00 часот, со лет од Mulhouse пристигнал македоснки државјанин од с.Бојане – Скопје Сарај кој се определил за зелениот канал каде поминуваат патници кои немаат ништо за пријавување за царинска контрола.

Лицето е селектирано за царинска контрола, при што во внатрешниот џеб од сакото, царинските службенци пронајдоа вкупно 42 илјади швајцарски франци.

Согласно законот за девизно работење, резиденти можат слободно да внесат девизни средства во противвредност од 10 илјади евра, а износ над овој мора да биде пријавен на Царина.

12 илјади швајцарски франци му се вратени на сопственикот додека останатиот износ, т.е. 30 илјади франци се одземени. Против прекршителот е покрената прекршочна постапка за сторен девизен прекршок.